Австрија: 21 јули е критичен датум за снабдување со гас на цела Европа

Сподели со своите пријатели

Поради ремонтот на гасоводот Северен тек 1, чиј почеток е закажан за денеска, и Австрија ќе добие помали испораки на руски гас, изјави министерката за енергетика Леоноре Гевеслер, која смета дека на 21 јули за кога се закажани работите да биде завршен, ќе биде критичен датум за снабдување со гас на цела Европа.

Loading...

– Денеска никој не може да прогнозира дали испораките ќе бидат целосно обновени по ремонтот – рече Гевеслер.

Реновирањето, вели, ќе има последици за полнење на австриските складишта за гас.

Гевеслер рече дека и покрај тоа, целта на владата за капацитет за складирање од 80 проценти може да се постигне доколку по ремонтот целосно се испорачаат договорените количини гас.

– 21 јули е критичен датум за снабдување со гас на цела Европа – подвлече таа.

Гасоводот Северен тек 1 за директно снабдување со гас во Австрија не игра клучна улога.

– Австрија главно добива испораки на руски гас преку гасоводот низ Украина. Но, со целосното прекинување на испораките преку Северен тек 1, се очекува и јасно намалување на испораките во Австрија – изјави таа.

Вообичаениот ремонт на гасоводот „Северен тек 1“ претходно не привлече големо внимание на јавноста во Европа, но оваа година поради војната во Украина и тензиите со Русија, создаде нервоза на целиот континент, вклучително и во Австрија, бидејќи е стравуваше дека низ тој цевковод и по завршувањето на работите не тече гас.

Loading...