Фон дер Лајен најави нови санкции за Белорусија

Сподели со своите пријатели

Европската унија ќе воведе нови санкции кон Белорусија како дел од нејзините напори да изврши притисок врз Русија да стави крај на војната во Украина, проширувајќи ги мерките на оние земји кои ја поддржуваат Русија, изјави денеска претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен.

Loading...

– Ќе продолжиме со притисокот врз Кремљ се додека е потребно, со режим на остри санкции, ќе ги прошириме овие санкции на оние кои воено ја поддржуваат руската војна, како Белорусија или Иран – рече Фон дер Лајен на прес-конференцијата.

Фон дер Лајен додаде дека ќе воведе нови санкции против Белорусија како одговор на нивната улога во оваа руска војна во Украина.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.