Фон дер Лајен: На Киев исплатени уште милијарда и пол евра

Сподели со своите пријатели

ЕУ исплати дополнителна една и пол милијарда евра макрофинансиска помош на Украина, објави претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.

Loading...

„Денеска ѝ плативме дополнителни една и пол милијарда евра на Украина“, напиша Фон дер Лајен на Твитер.

Според неа, поддршката на ЕУ „ѝ помага на Украина да функционира додека се брани“.

„Тоа, исто така, ја става Украина цврсто на европскиот пат, со поддршка на реформите – на пример, доброто владеење и финансиската стабилност. Заедно ја пишуваме иднината на Украина“, додаде Фон дер Лајен.

ТАСС потсетува дека програмата на ЕУ за макрофинансиска помош за Украина за 2023 година е вредна 18 милијарди евра.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.