ФМП го доби Куманово

Сподели со своите пријатели

Кошаркарите на Академија ФМП славеа на гости кај Куманово со 74:77, со што по триумфот во БИБЛ, излегоа како победници против истиот противник и во рамките на Прва лига.

Loading...

Најзаслужен за овој триумф на ФМП беше Крстајиќ со 31 поен, додека кај Куманово, Холмс реализираше 20 коша.

Кумановци нанижаа четири порази на пет одиграни натпревари во првенството, додека Академија ФМП ја забележа третата победа по ред и има два бода помалку од лидерот Пелистер.