Финска најави воена донација за Украина вредна над 400 милиони евра

Сподели со своите пријатели

Во петокот Финска објави нова донација на воена опрема за Украина во вредност од повеќе од 400 милиони евра, не вклучувајќи ги тешките тенкови Леопард 2, за кои рече дека може да ги испрати и доколку има договор со сојузниците.

Loading...

Со новата донација тројно ќе се зголеми вкупната воена помош на Финска за Украина, со што вкупната досегашна помош ќе достигне 590 милиони евра, се наведува во соопштението на Министерството за одбрана.

Миика Пинонен, специјален советник на финскиот министер за одбрана, рече дека одлуката за донирање на тенкови Леопард 2, од кои Финска има околу 200, ќе биде донесена посебно, по разговорите со сојузниците во воздухопловната база Рамштајн во Германија.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Вагнер се враќа од Африка за напад на Харков

– Можам само да кажам дека во овој пакет не се вклучени тенковите Леопард. Се состои од тешко оружје и муниција – изјави Пинонен за Ројтерс.

Финска претходно навести дека би можела да испрати тенкови Леопард од германско производство доколку има договор меѓу сојузниците.

Донацијата на најновиот пакет помош беше овозможена со помош на соседна Шведска, која се согласи да и помогне на Финска брзо да ја замени донираната опрема во случај на криза.

Две традиционално неутрални нордиски земји истовремено аплицираат за влез во западната воена алијанса НАТО.

Во текот на денот во Рамштајн министрите за одбрана на Финска и Шведска ќе потпишат Декларација за намера за поддршка на Украина, соопшти финското Министерство.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Колку руски војници загинале од почетокот на војната во Украина?

Според тој договор, „Финска ја снабдува Украина со воен материјал, а Шведска изразува подготвеност да ја поддржи Финска по потреба“, се наведува.

Шведскиот министер за одбрана Пал Јонсон рече дека двете земји се меѓусебни најблиски сојузници и дека денешното писмо на намери покажува дека не постои однапред одредена граница за тоа како може да се развива оваа соработка.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.