Еве зошто треба да го избришете Google Chrome од вашиот телефон

Сподели со своите пријатели

Корисниците на Google Chrome се предупредени да го избришат својот прелистувач што е можно поскоро поради собирањето на високо чувствителни податоци.

Loading...

Ова предупредување доаѓа во време кога Facebook е обвинет за собирање приватни податоци на луѓето користејќи податоци за акцелерометар како средство за прецизно одредување локации и тивко следење на корисниците.

Според извештајот на Форбс, „Фејсбук не е најуспешниот собирач на податоци во светот – таа награда оди во рацете на Гугл“.

 

 

„Иако Facebook ги собира овие информации за себе, Chrome со задоволство ги собира за други – во суштина им обезбедува на сите исклучително чувствителни информации за секоја ваша активност, вашето однесување, бесплатно“, рече Зак Дофман, офицер за сајбер безбедност во списанието Форбс.

Форбс го цитира истражувачот Томи Миск кој предупредува дека „сензорот за движење е стандардно достапен на сите веб-локации на Android / Chrome,[додека Сафати / ИОС го штити пристапот со дозвола“. Меѓутоа, она што е многу полошо е што Chrome го прави ова дури и кога е поставен на приватно прелистување или режим „инкогнито“.

Loading...

 

 

„Начинот на кој Андроид се справува со акцелерометарот е многу полош од Фејсбук“, рече Миск. „Апликациите можат да го читаат дури и во позадина. Мојот тим имплементираше функција на педометар во нашата апликација. Апликацијата ги броеше чекорите дури и ако воопшто не беше лансирана.

Епл стандардно го оневозможува пристапот до сензорот за движење, а пристапот до тие податоци е возможен само со временски ограничена дозвола. Но, Гугл не само што дозволува пристап, туку и им кажува на корисниците дека ова е „препорачана“ поставка што треба да остане вклучена, вели Дофман.

 

 

Loading...

Одговарајќи на тврдењата на истражувачите, од Гугл рекле дека тие намерно ја ограничуваат резолуцијата на сензорите за движење во Chrome и дека од 2019 година имаат контроли што им овозможуваат на корисниците да спречат веб-локации целосно да пристапат до сензорите за движење на уредот.

„Ние сериозно ги сфаќаме безбедноста и приватноста на нашите корисници и секогаш работиме на нови начини за подобрување на безбедноста и приватноста во Chrome.