ЕУ произведува многу поопасен отпад отколку во минатата деценија

Сподели со своите пријатели

Европската унија произведува значително поопасен отпад отколку во последната деценија, и покрај регулативите кои наложуваат намалување на неговото количество, предупреди Европскиот суд на ревизори (ЕЦА).

Loading...

Во 2018 година, ЕУ произвела 101,7 милиони тони опасен отпад, вклучително и токсични тешки метали како олово и жива, 26 отсто повеќе отколку во 2004 година, велат ревизорите во извештајот објавен денеска.

Во 2018 година, три четвртини од опасен отпад е произведен од секторите индустрија, водостопанство, градежништво и рударство, а четири проценти од домаќинствата. Европската комисија го објаснува растот со подобро известување, велат од ревизорскиот суд.

Кое би било најдоброто решение?

Акумулацијата на опасен отпад треба да се спречи на прво место преку превенција, но ЕУ сè уште не ги решила проблемите со сигурен мониторинг и депонирање. Најдобро решение би било рециклирање и користење на отпадот за производство на енергија, нагласува главниот автор на извештајот Ева Линдстром.

„Отстранувањето треба да биде последната опција“, нагласи Линдстром, „а ЕУ сè уште отстранува повеќе од 50 проценти од опасниот отпад“.

Во 2020 година, ЕУ произведе помалку опасен отпад поради пандемијата, но ревизорите вклучија во извештајот нецелосни податоци објавени од европската статистичка служба Еуростат, забележува агенцијата ДПА.