ЕУ претстави предлози за контрола врз вештачката интелигенција

Сподели со своите пријатели

Европската унија изнесе предлози за регулирање на вештачката интелигенција, за кои се потребни строги правила и заштитни мерки против ризиците од примена на новата технологија.

Loading...

Извештајот за вештачка интелигенција објавен денес е дел од пошироката дигитална стратегија насочена кон одржување на ЕУ во првите редови на поставување технолошки стандарди.

Русите започнаа да тестираат системи со вештачка интелигенција

Европската комисија соопшти дека сака да развие „сигурна рамка за вештачка интелигенција“.

Претседателот на Европската комисија, Урсула фон дер Лаен, по стапувањето на должноста во декември, на соработниците им даде 100 дена за да дојдат до координиран пристап кон вештачката интелигенција на ЕУ (AI).

Потребни се јасни правила за решавање на „високоризични AI системи“ во здравството, полицијата и транспортот, кои треба да бидат „транспарентни и да гарантираат човечки надзор“ – не само машински, велат од ЕУ.

Бил Гејтс: Вештачката интелигенција мора да им биде достапна на сите

На ист начин како што ја проверуваат козметиката, автомобилите и играчките, властите треба да можат да ги верификуваат и валидираат податоците што ги користат алгоритмите кои водат вештачка интелигенција.

Loading...

Важно е да се користат непристрасни податоци за обука на високо-ризични системи за вештачка интелигенција за да се избегне дискриминација, соопшти комисијата.

Вештачката интелигенција би можела да предизвика нуклеарна војна

Лидерите на ЕУ рекоа дека исто така сакаат да отворат дебата за тоа кога ќе дозволат препознавање на лицето во системите за далечинска идентификација, кои се користат за пронаоѓање на едно лице и нивно споредување со базата на податоци, што инаку се смета за „најнаметлива форма“ на апликација, и технологија и е забранета во ЕУ освен во посебни случаи.

Leave a Reply