ЕУ подготвува итни мерки поради можен недостиг на гориво за авионите

Сподели со своите пријатели

Европската унија подготвува мерки за поефикасна дистрибуција на воздухопловното гориво меѓу земјите-членки и обезбедување алтернативни извори на снабдување, додека транспортот на енергија преку Ормутскиот теснец сè уште е во застој.

Приближно 40 отсто од воздухопловното гориво што го користи ЕУ доаѓа од увоз, а половина од тие количества минуваат низ Ормускиот Теснец.

Европската комисија планира во среда да претстави предлог, врз основа на кој веќе во мај би можело да се активираат мерки за да се ублажи ризикот од прекини во снабдувањето со воздухопловно гориво, се вели во нацрт-документот што го видел Блумберг.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Маѓар почна преговори со Брисел: Битка за милијарди од фондовите на ЕУ

Брисел, исто така, планира насоки кои ќе овозможат пофлексибилна примена на постоечките правила, вклучително и регулирање на аеродромските слотови и справување со откажувања на летови поради недостиг на гориво.

Предвидени се и мерки поврзани со практиката на дополнително полнење гориво на појдовните аеродроми, со цел да се избегнат повисоки цени на влезните дестинации.

Доколку тоа не е доволно, Комисијата размислува и за ревизија на нафтените резерви низ Европската унија, за воспоставување систем за следење на снабдувањето со гориво, како и мерки за максимално искористување на рафинериските капацитети и зајакнување на домашното производство на напредни биогорива.

Планот вклучува и поширока стратегија за намалување на ранливоста на ЕУ од идни енергетски шокови, со дополнителен фокус на наелектризирање на економијата и намалување на зависноста од увоз на фосилни горива.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  ЕУ ќе замрзне 1,5 милијарди евра наменети за Србија