Ерменците се согласија да го положат оружјето: Прекин на огнот во Нагорно Карабах!

Сподели со своите пријатели

Властите на Нагорно Карабах се согласија да го прекинат огнот, објавија руските и ерменските медиуми, повикувајќи се на Карабахскиот информативен центар.

Loading...

Азербејџан, кој вчера почна да го гранатира Карабах како дел од, како што ја нарече, „антитерористичка операција“, потврди дека силите на регионот Карабах се согласиле да го положат оружјето и дека прекинот на огнот ќе започне во 13 часот по локално време, и дека ќе се одржи средба меѓу Ерменците од Нагорно-Карабах и официјален Баку на 21 септември.

Исто така, раководството на Нагорно Карабах соопшти дека ги сметаат азербејџанските власти за „централни“ во тој регион и дека имаат намера да градат конструктивен дијалог со Баку.

Според властите на непризнатата република, одлуката за едностран прекин на огнот била донесена преку рускиот мировен контингент стациониран во Нагорно Карабах.

„Постигнат е договор за повлекување на преостанатите единици и воен персонал на вооружените сили на Република Ерменија од зоната на распоредување на рускиот мировен контингент и за распуштање и целосно разоружување на вооружените формации на одбраната на Нагорно-Карабах. како и повлекување на тешка опрема и оружје од територијата на Нагорно-Карабах“, објаснуваат тие.

Исто така, се наведува дека „прашањата за обезбедување на постоењето на населението во Нагорно-Карабах ќе бидат разгледани на состанокот меѓу претставниците на локалното ерменско население и претставниците на централните власти на Азербејџан, што ќе се одржи на 21 септември 2023 година“.

Набрзо стигна и официјалната реакција на Азербејџан, како што пренесуваат турските медиуми.

„На предлог на администрацијата на претседателот на Република Азербејџан, на 21 септември 2023 година, во Јевлах ќе се одржи средба со претставници на ерменските жители на Карабах, на која ќе се разговара за прашањата за реинтеграција врз основа на Уставот и право“, соопштија од кабинетот на претседателот на Азербејџан.

Loading...

Да потсетиме, вчера азербејџанските власти најавија спроведување на „локални антитерористички мерки“ во Нагорно Карабах, а непризнатата република Нагорно Карабах потврди дека азербејџанската армија изведува ракетни и артилериски напади, обидувајќи се да ја пробие контактната линија.

Азербејџанските сили на неколку места ја пробија линијата на контакт со ерменските сили во Нагорно Карабах и се решени да ги исполнат своите стратешки цели, изјави Хикмет Хаџиев, советник за надворешна политика на претседателот Илхам Алиев.

Додека Азербејџан ја гранатираше територијата на Карабах, при што загинаа неколку лица, во главниот град на Ерменија – Ереван беа организирани големи протести.

Насобраните побараа ерменските власти да преземат конкретни чекори во врска со ескалацијата на ситуацијата во Нагорно Карабах, пред се, признавањето на независноста на таа област во Азербејџан.

Турција, главен сојузник на Азербејџан во овој конфликт, објави дека ги поддржува акциите на Баку. Русија, која ја поддржа Ерменија, повика на прекин на огнот.