Ердоган: Грците се исплашени поради турската ракета Тајфун

Сподели со своите пријатели

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека неодамнешното тестирање на турска балистичка ракета ја исплаши Атина и изјави дека Анкара нема да седи со скрстени раце доколку Грција продолжи да ги милитаризира своите острови во Егејското Море.

Loading...

„Сега почнавме да ги правиме нашите ракети и ова производство ги исплаши Грците. Велите тајфун, а тие се плашат, велат дека може да ја погоди Атина. Да, секако дека може. Ако не останете смирени, ако обидете се да го поставите оружјето што го добивте од САД на островите, и тие ќе го направат“, предупреди Ердоган, пренесува Анадолија.

Тој додаде дека „земја како Турција сигурно нема да седи со скрстени раце“ и дека „ќе мора да направи нешто“.

Во октомври Турција тестираше домашно произведена балистичка ракета со краток дострел Тајфун над Црното Море, за која рече дека може да погоди цел на растојание од 560 километри за 456 секунди.

Анкара е вознемирена од она што го опишува како зголеменото трупање на грчката армија на островите во близина на нејзиниот брег, но и од воената поддршка што Грција ја добива од САД, според Анадолија.