Ердоган: Целта на Турција е политичка и економска моќ на највисоко ниво

Сподели со своите пријатели

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во новогодишната порака рече дека Турција станала „центар на меѓународните набавки и трговски канали“ за време на енергетската криза и изрази надеж за „многу поголем пробив“ во 2023 година, кога се навршуваат 100-годишнината од основањето на се слави Република Турција.

Loading...

Ердоган истакна дека целта на Турција не е само да влезе во највисокиот ранг на глобалната политичка и економска група земји, туку да постигне политичка и економска моќ на највисоко ниво, пренесува турската агенција Анадолу.

– Демократијата и развојната инфраструктура што ги постигнавме во нашата земја во последните 20 години ја гледаме како основа и почеток на овој голем напредок – рече тој и додаде дека целта е „нов турски век на успех“.

– Сакам 2023 година да биде исполнета со мир, спокојство и благосостојба – рече турскиот претседател.