Не се вели попусто дека очите се огледало на душата! Тие можат да кажат дали сме среќни, тажни или загрижени… И научниците сега тврдат дека нивната боја ги открива нашите карактерни црти!
Па така, црнооките важат за најдобри во сексот, а за оние со сините очи дека се посебни.
7 работи кои децата ги наследуваат од татковците
Проверете што велат вашите очи за вас:
Сини очи
Има нешто многу моќно во сините очи што ве привлекува како магнет. Ова е причината зошто тие се сметаат за најпосакувани во светот. Луѓето со вакви очи обично се благи, стабилни и толерантни.
Тие се паметни, срдечни и полни со енергија. Тие се склони кон подолги врски и семеен живот, и се многу лојални пријатели. Понекогаш тие можат да бидат малку критични.
СЕГА Е ПОЈАСНО: Жените и мажите боите ги гледаат поинаку
Исто така, тие се обдарени со шарм, спонтаност, сочувство и добра моќ на набудување.
Луѓето со вакви очи се добри во спортот и особено во активности што бараат планирање. Студиите покажаа дека луѓето со сини очи се помалку агресивни.
Околу 8-10 проценти од светската популација има сини очи, најголем број во Европа, а Финска е на врвот на листата на земји со најголем процент на сини очи со 89%.
ШТО СЕ КРИЕ ВО ВАС? Решете го тестот и дознајте каква личност сте навистина!
Зелени очи
Овие луѓе се полни со енергија и многу креативни. Тие се интелигентни, снаодливи, амбициозни и понекогаш немилосрдни, така што можат да прегазат сè за да стигнат до врвот.
Изгледаат мистериозни, но тие се многу привлечни, страствени и често се младешки. Оваа боја на очите укажува на спонтаност и имагинација.
Тие се болни од љубоморни, тврдоглави и склони кон манипулација.
Дали знаевте дека само околу два проценти од луѓето во светот имаат зелени очи?
ПОСЕБНИ ПО МНОГУ НЕШТА: Само 2% од луѓето имаат зелени очи!
Кафеави очи
Повеќето луѓе во светот ја имаат оваа боја, дури 55 проценти. Луѓето со кафеави очи се храбри, едноставни, борбени и креативни.
Оваа боја на очите е поврзана со поголема самодоверба и решеност, па затоа можеби не е случајно што повеќето успешни и богати луѓе имаат кафени очи.
Имаат смисла за хумор, дарежливи се, но повремено се склони кон испади.
Разликуваме не 50, туку 500 нијанси сиво: Интересни факти за окото
Мажите со кафени очи се нежни, самоуверени и лојални. Ним им недостасува повремена суета, како и чувствително его.
Црни очи
Црните очи всушност не постојат, но некои темно кафеави, оставаат впечаток дека се црни – и тие се многу ретки.
Луѓето со вакви очи се многу темпераментни, страсни и хиперактивни. Тие се посветени на сè што прават, тие се конкурентни и сакаат да привлечат внимание.
Мислите дека не можете да бидете хипнотизирани? Направете го овој тест и дознајте!
Луѓето со „црни очи“ се мистериозни и тешко се вљубуваат. И ако се вљубат, тие се многу лојални, но маана им се караниците и нетрпеливоста.
Сиви очи
Сивата боја на очите е доста ретка и ја симболизира мудроста и цврстината на карактерот. Луѓето со вакви очи се родени лидери.
Луѓето кои ја имаат оваа боја на очите се сериозни и рационални, интелигентни и имагинативни. Тие не се премногу отворени, но тие се многу романтични и чувствителни.
Ако ги прави овие нешта, тој е вашата сродна душа
Иако делуваат агресивно, тие се всушност меѓу најсмирените луѓе. Тие се лојални и склони кон долги врски, а нивната страст е задушена. Маана им е претераната емоционална чувствителност.
Очи со боја на лешник
Оваа боја е слична на кафеавата, но обично е малку посветла боја, со повеќе зеленикаво-жолти нијанси.
Луѓето со очи на лешник честопати се опишуваат како бестрашни и подготвени за предизвиците на животот.
Што првин забележуваат мажите кај жената, а не се задникот и градите?
Обично тие се убави и привлечни, иако во заведувањето не се ниту агресивни ниту директни, туку достоинствени. Во бизнисот тие се способни, но понекогаш и мрзливи. Маана им е што често се нагли и склони кон паметување.