Економијата на Британија продолжи да расте во февруари

Сподели со своите пријатели

Економијата на Велика Британија во февруари порасна за 0,1 отсто, по месечен раст во јануари од 0,3 отсто, објави денеска британската канцеларија за национална статистика (ONS).

Loading...

Резултатот покажува дека британската економија се вратила на раст по падот од 0,1 отсто во декември и падот во техничка рецесија на крајот на 2023 година, пренесува Гардијан.

„Овие бројки се добредојден знак за економски пресврт. Можеме да го надградиме овој успех ако се држиме до нашиот план“, рече британскиот министер за финансии Џереми Хант, пренесува Танјуг.

Главен двигател на економскиот раст во Британија е преработувачката индустрија, која порасна за 1,1 отсто месечно, услужниот сектор за 0,3 отсто, додека британското градежништво падна за 1,9 отсто.

Во тримесечниот период од декември до февруари, британскиот БДП се зголеми за 0,2 отсто во однос на претходниот квартал.

„Сонцето конечно засвети на британската економија, но нејзините перспективи сè уште се во магла“, рече главниот економист на агенцијата КПМГ, Јаел Селфин.