EK: Предложени нови санкции за Русија „тешки“ 11 милијарди евра

Сподели со своите пријатели

Европската комисија предложи нов пакет санкции против Русија во вредност од 11 милијарди евра, изјави претседателката на Комисијата, Урсула фон дер Лајен.

Loading...

„Предлагаме 10-та транша од санкциите, со трговски забрани и нови проверки на извозот во Русија, особено извозот на технологија. Станува збор за околу 11 милијарди евра“, рече Фон дер Лајен на седницата на Европскиот парламент.

Таа прецизираше дека Комисијата предлага санкции за извоз на електронска опрема што Русија ја користи за производство на дронови и хеликоптери.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.