Едвард Сноуден ја претстави заштитната апликација „Haven“ (видео)

Сподели со своите пријатели

Познатиот поранешен агент Едвард Сноуден разви апликација со помош на која ќе можете да ги откривате безбедносните закани на кои се изложени вашите лап топови или паметни телефони.

Прашањето за безбедноста и приватноста претставува клучно прашање на денешницата, а Сноуден успеал да развие апликација која ќе овозможи подобра заштита на уредите од злоупотреба.

Apple ја купува најпознатата апликација за препознавање музика

Loading...

„Haven“ е производ на повеќе програмери кои се фокусирани на обезбедување на приватноста на кориснциите на модерните технологии и развојот на крипто комуникацијата.

Во случај да го оставите лап топот дома или во канцелариј, доволно е на истото место да поставите и привремен Андроид уред со инсталираната апликација „Haven“. Апликацијата функционира така што регистрира движења, светлина, снима звуци и фотографии и истовремено испраќа нотификации на главниот Андроид уред кој го користите.

Можно е да се октире кој го злоупотребува вашиот лап топ, пребарува по вашите работи или влегува во собата без ваше знаење.

Ако ја имате оваа апликација на телефонот веднаш избришете ја!

Сноуден се надева дека апликацијата ќе може да се употребува во различни цели и дека многумина ќе допринесат во нејзиниот развој.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.