Ако ја имате оваа апликација на телефонот веднаш избришете ја!

Сподели со своите пријатели

Популарната апликација за временска прогноза „Accuweather“ наводно, според одредени докази од безбедносните истражувачи, собира податоци од iOS, но веројатно и андроид корисниците за нивното движење и локациите кои ги посетиле и тоа го испраќала на компании кои тие податои ги продавале.

За да работата биде уште полошта, Accuweather сето тоа го правел дури и кога локацијата на уредот била исклучена.

Иако за андроид корисниците нема конкретни докази, освен сомнежите дека ги следи корисниците, за iOS е докажано дека Accuweather ги следи корисниците дури и ако на апликацијата и го исклучите пристапот до локацијата.

Безбедносниот истражувач кој инаку се занимава со пронаоѓање ранливости во мобилни софтвери, утврдил дека Accuweather во 36 часа над 16 пати исрапаќала податоци за користење на телефоните и неговито сосптвеник на компанијата „Ривал мобајл“.

Податоците кои апликацијата ги праќала, според извештајот, точни се ГПС координатите, патеката на движење, BSSID податоци за wifi од рутерот на кој телефонот бил споен и инфомации дали блутутот е вклучен.

„Ривал мобајл“, компанијата на која и биле испраќани податоците, на својата страница објавила дека добиените податоци ги користела за профилирање на корисниците и подобро разбирање на нивното движење.

Потоа, компанијата Accuweather на својата страница признава дека е вистина дека поради пропусти во кодотна апликацијата испраќала податоци за блутутот и wifi врската, но дека не собирала ниту испраќала информации со координати и GPS локации.

Според таа изјава Accuweather е посветен на максимално почитување на приватноста на корисниците и не се занимава со продажба на нивните информации ниту нивна дистрибуција до трета страна.

Комапнијата „Ривал мобајл“ заедно со Accuweather работи на исправување на сите пропусти кои наводно ненамерно довеле до испраќање на било какви податоци за корисниците надвор од апликацијата.

исто така, компаниите во изјавите навеле дека по ажурирањето на апликацијата, кое ќе следува во период од 24 часа, ќе бидат пренесени нула податоци надвор од апликацијата.

Во секој случај, такви работи е подобро да бидат спречени, па ако на својот телефон ја имате апликацијата Accuweather можете да ја избришете или да ја ажурирате кога тоа ќе биде достапно.