Едно лице тешко повредено во сообраќајка на патот Куманово – Липково

Сподели со своите пријатели

На регионалниот пат Куманово – село Липково, кај селото Лопате, вчера во 15.20 часот се случила сообраќајна незгода помеѓу o моторно возило „пежо 206“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од М.Е.(22) од селото Слупчане, кумановско и мотоцикл без регистарски ознаки, управуван од Ќ.А.(45) од селото Лопате, информираат од СВР Куманово.

Loading...

Во незгодата, според кумановската полиција, Ќ.А. се здобил со тешки телесни повреди по што бил пренесен во Клиничката болница Куманово.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Куманово.

Leave a Reply