Едно лице повредено во сообраќајка на патот Куманово – Крива Паланка

Сподели со своите пријатели

Вчера околу 18,00 часот на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило “Лада Нива“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од С.Д. (49) и патничко возило “Шкода Рапид“ со кривопаланечки регистарски ознаки, сопственост на општина Ранковце, управувано од Т.И. (51) од с.Ветуница, општина Ранковце, информираат од Министерството за внатрешни работи.

С.Д. поради дефект запрел на коловоз, а во задната страна на неговото возило удрило возилото „Шкода рапид“ . По незгодата, возачот Т.И. побарал лекарска помош во болницата во Куманово, каде бил примен и прегледан од лекар кој констатирал телесни повреди. По укажаната лекарска помош тој бил пуштен на домашно лекување.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Куманово.