Еден загинат, над 70.000 заглавени во кал на фестивал во САД

Сподели со своите пријатели

Властите во американската сојузна држава Невада во неделата соопштија дека ја истражуваат смртта на едно лице откако обилните дождови оставија илјадници луѓе на фестивалот „Burning Man“ заглавени во кал и им порачаа да останат на место и да чуваат храна и вода.

Loading...

Канцеларијата на шерифот на округот Перишинг во северна Невада соопшти дека смртта се случила во саботата поради дожд, но не даде објаснување за причината за смртта, ниту го објави идентитетот на лицето.

„Семејството е известено, а смртта е под истрага“, соопшти канцеларијата на шерифот.

„Малку повеќе од 70.000 луѓе“ сè уште беа блокирани во неделата, според Канцеларијата на шерифот за Си-Ен-Ен.

Оние кои сакале да си заминат, тоа можеле да го сторат само пешки по 8 километри до единствениот прооден пат.

Властите побараа од посетителите да останат додека земјата не се исуши доволно за да се овозможи движење на возилата.

 

Loading...

 

Во саботата, посетителот Пол Редер, кој доаѓа на фестивалот 22 години, изјави за Ројтерс дека очекува дека ќе бидат потребни најмалку два дена за областа да се исуши.

Десетици илјади луѓе патуваат во северозападна Невада секоја година, собирајќи се во привремен град за да создадат уметност, да танцуваат и да уживаат во заедницата за 575 долари по лице за редовен билет.

Локалните медиуми објавија дека во Блек Рок Сити имало околу 73.000 посетители.

Фестивалот го доби своето име по централниот настан, палењето на големата дрвена скулптура наречена Човекот на претпоследната фестивалска вечер.

На видеата споделени на социјалните мрежи можеше да се види дека посетителите на фестивалот беа до глуждовите во кал, но расположени.

Локалитетот се наоѓа во пустината Блек Рок во Невада, на големо, рамно езерско корито познато како плаја.

Собирот, кој беше скромен во своите почетоци во Сан Франциско во 1986 година, сега е посетен од познати личности и влијателни на социјалните мрежи.

Loading...

Времетраењето беше закажано од 27 август до 4 септември.