Еден нов случај на коронавирус во Куманово изминатото деноноќие

Сподели со своите пријатели

Еден нов случај на коронавирус е регистриран во Куманово во текот на изминатото деноноќие, со што досега вкупно се регистрирани 411 случаи. Активни се уште само 47.

Loading...

Во изминатите 24 часа направени се 349 тестирања, а потврдени се 29 нови случаи на ковид-19 и тоа во: Скопје-9, Куманово-1, Прилеп-6, Тетово-5, Струга-2, Велес-2, Битола-2, Охрид-2.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1723, бројката на оздравени пациенти е 1235, на починати е 95, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 393. Последната дистрибуција по градови е:

• Скопје – 588, активни 138

• Куманово – 411, активни 47

• Дебар – 51, активни 0

• Штип-35, активни 1

• Прилеп –190, активни 62

Loading...

• Тетово – 126, активни 63

• Струга – 69, активни 6

• Велес – 111, активни 49

• Битола –25, активни 6

• Охрид –17, активни 2

• Кавадарци – 5, активни 0

• Гостивар –19, активни 3

• Гевгелија – 4, активни 0

Loading...

• Струмица – 2, активни 0

• Крива Паланка- 6, активни 2

• Радовиш – 4, активни 0

• Крушево – 3, активни 0

• Кочани – 31, активни 4

• Пробиштип – 2, активни 0

• Кичево – 2, активни 0

• Неготино -9, активни 5 (7 заболени лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

Loading...

• Демир Хисар – 1, активни 0

• Македонски Брод – 2, активни 0

• Пехчево- 3, активни 1

• Делчево-1, активни 0

• Валандово -1, активни 1

• Виница – 2, активни 0

Loading...

• Кратово-2, активни 2

• Берово-1, активни 1

 

Направените 349 теста се преку: ИЈЗ –211, Ветеринарен ф-тет -27, Авицена –17, Биотек -34, Филип Втори (Жан Митрев) –33, Систина со PCR метода -10 и МАНУ -17. Досега во земјата се направени вкупно 20088 тестирања на ковид -19.

Во изминатото деноноќие на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби примени се 5 пациенти, а вкупно хоспитализирани 42. На кислородна поддршка се 20 пациенти, на механичка вентилација се 3 пациенти.

Loading...

Во ГОБ „8 септември“ примени се 11 нови пациенти, а вкупно хоспитализирани 27. На респираторна машина се 4 пациенти и уште 3 се со потешка клиничка слика.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 3, на домашно лекување се следат уште 2 пациенти. Во болницата во Штип се хоспитализирани вкупно 6, нема повеќе пациенти кои се следат на домашно лекување. На ифективните одделенија во Тетово, Велес, Куманово и Прилеп се хоспитализирани 49 пациенти позитивни и сомнителни на ковид-19.

Leave a Reply