Џинпинг до Бајден: Престанете да го вооружувате Тајван

Сподели со своите пријатели

Американскиот претседател Џозеф Бајден и кинескиот лидер Си Џинпинг за време на разговорите во Сан Франциско се согласија дека нивните земји ќе ја продолжат комуникацијата на ниво на двете војски и ќе соработуваат во борбата против трговијата со дрога.

Loading...

Двајцата лидери разговарале околу четири часа на имот во близина на Сан Франциско и допреле бројни чувствителни теми кои придонеле за заладување на односите меѓу САД и Кина, јавува Гласот на Америка.

Американскиот претседател оцени дека успехот на средбата е тоа што Си и тој „едноставно разговарале, биле отворени еден за друг, така што нема недоразбирања“.

Бајден рече дека се согласиле да ги обноват воените контакти кои Кина ги прекина кога тогашната претседателка на Претставничкиот дом Ненси Пелоси го посети Тајван во август 2022 година.

„Се враќаме на директни, отворени, јасни комуникации на директна основа“, рече американскиот претседател.

Бајден и Си, исто така, се согласија дека Кина ќе престане да извезува хемикалии што се користат во производството на опијат фентанил, кој е водечка причина за предозирање со дрога во САД.

„Тоа ќе спаси животи“, рече Бајден, додавајќи дека ја цени посветеноста на Кси за решавање на проблемот.

Според договорот, Кина ќе ја разгледа ситуацијата во конкретни хемиски фабрики кои ги произведуваат елементите од кои се произведува фентанил, изјави за новинарите висок американски функционер.

Loading...

Тајван

Кога станува збор за Тајван, Си посочи дека Кина не планира да започне воена акција против островот во наредните години, но ги наведе условите под кои ќе се употреби сила.

„САД треба да престанат да го вооружуваат Тајван и да го поддржат мирното обединување на Кина“, рече кинескиот претседател.

Бајден, од друга страна, рече дека САД „веруваат во статус кво“ и го повика Пекинг да го почитува изборниот процес во Тајван.

Иран

Тој го повика Си да го искористи своето влијание врз Иран и да ја повика таа земја, преку своите сојузници, да не врши напади врз американски цели на Блискиот Исток.

Кинескиот претседател претходно ги посети САД во 2017 година.