ЏЕФ Македонија ќе спореведе проект за транспарентна работа на локалниот совет (видео)

Сподели со своите пријатели

Здружението  на ”Млади Европски Федералисти” – Куманово (ЏЕФ Македонија) денес во Куманово го најави почетокот на имплементација на проектот ”Советниците дискутираат, граѓаните читаат. Како до потранспарентни локални совети?“. Проектот ќе се спроведува два месеца, во соработка со пет партнер организации, потпомогнати од Фондацијата ”Метаморфозис” и Македонски Центар за европско образование

Loading...

Денешното одбележување на почетокот на проектот имаше за цел и креирање на мрежа од граѓански организации преку потпишување на декларација* за унапредување на доброто владеење во Македонија.

 

[huge_it_gallery id=”52″]

Проектот има за цел да се зголеми транспарентноста при достапност до информации од јавен карактер, а со тоа и зголемување на граѓанскиот ангажман при носење одлуки во локалните совети, вели Сања Богатиновска, претседател на ”Млади Европски Федералисти”.

Според Богатиновска, Советот на Општина Куманово предничи во споредба со останатите општини кои немаат транспарентни веб страни и седниците на советот не се пренесувани во форма на видео запис како граѓаните би имале целосен увид во носењето одлуки и нивно влијание во процесот на одлучувањето.

Христина Илиевска, меѓународен координатор на ЏЕФ Македонија вели дека преку проектот е предвидено вмрежување на граѓански организации од најмалку шест различни градови.

Loading...

Со вмрежување на граѓанските организацци, се очекува и поголема соработка и размена на искуства за работата на локалните совети.

Leave a Reply