Две жртви на украинскиот напад во Херсон

Сподели со своите пријатели

Две лица загинаа, а едно е рането во украински ракетен напад врз Новаја Каховка, во областа Херсон, објавија градските власти на Telegram.

Loading...

Според истиот извор, ракетата го погодила просторот на Енергетскиот стадион и ја оштетила трафостаницата предизвикувајќи истекување на нафта од трансформаторот.

Локалните проруски власти тврдат дека околу 70 отсто од куќите во Новаја Каховка биле оштетени во украинските ракетни напади, како и дека се уништени училишта и други објекти, пренесе Тас.

Портпаролот на руското Министерство за одбрана, Игор Конашенков, денеска изјави дека руските сили го спречиле обидот на украинската армија да ги пробие одбранбените линии во областа Брускинское, во областа Керсон, и дека повеќе од 90 припадници на Украинските сили беа убиени во таа насока во изминатите 24 часа.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.