Две жени повредени во сообраќајка во Куманово

Сподели со своите пријатели

Две жени, од кои една потешко, биле повредени во сообраќајна незгода што викендов се случила на локалниот патен правец Куманово – село Речица.

Loading...

– На 30.04.2023 околу 14 часот на локален пат Куманово-с. Речица, патничко моторно возило „хјундаи“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од С.С.(58) од с.Речица, излетало надвор од коловозот. С.С. (женско лице) и сопатничката М.И.(34) од Куманово,  биле пренесени во Општа болница Куманово, каде од лекар на С.С. и била констатирана тешка телесна повреда, а на сопатничката М.И. ѝ била констатирана телесна повреда, информираат од Министерството за внатрешни работи.

За настанот е известен Јавен обвинител, а увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Куманово.

Никола Ивановски