Две руски села евакуирани по пожар во складиште за муниција

Сподели со своите пријатели

Жителите на две руски села во Белгородската област во близина на границата со Украина се евакуирани по пожар во складиште за муниција кај селото Тимоново, објави гувернерот на тој регион Вјачеслав Гладков.

Loading...

Тој изјави дека нема загинати во пожарот кој избувна доцна синоќа.

Претходно, складиште за муниција експлодираше на Крим, кој беше окупиран од Русија во 2014 година.

Минатата недела, наводно, девет руски авиони биле уништени во експлозија во руска воздухопловна база на Крим.

Руските власти објавија дека се работи за „саботажа“.

Украинските власти не ја прифатија одговорноста за експлозијата, но украинскиот претседател Володимир Зеленски навести дека украинската армија извршува напади зад непријателските линии на Крим.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.