Две престрелки во Лос Анџелес во првите часови од Новата година, тројца убиени и 12 повредени

Сподели со своите пријатели

Во две одвоени престрелки во првите часови од Новата година, во реонот на Лос Анџелес, загинаа три лица, а 12 се ранети, пренесува АП.

Loading...

Во пукање на забава во индустриска област во центарот на Лос Анџелес две лица загинаа, а осум други се ранети, соопштија властите.

Полицајците кои реагираа на извештаите за истрели околу 1 часот по полноќ во понеделникот пријавиле дека слушнале истрели и затекнале толпа која бегала од областа, а неколку ранети лежеле на улица и тротоар, соопшти локалната полиција во соопштение за печатот, додавајќи дека еден маж и една жена загинале на лице место.

Официјалните лица првично изјавија дека пријавиле три лица хоспитализирани, но до попладневните часови тој број се искачи на осум.

Состојбата на повредените не е позната, а нема информации за осомничениот за престрелката.

Инспекторите веруваат дека пукањето настанало поради расправија на забавата, која се одржала во индустриска област каде што се наоѓаат магацини и деловни згради.

Во меѓувреме, Одделот на шерифот на округот Лос Анџелес истражува одвоено пукање во кое една жена загина, а четири лица се ранети рано во понеделникот во Хоторн.

Едно лице е во критична состојба, додека три се стабилни, јави телевизијата КАБЦ.

Loading...

Немаше апсења и нема информации за осомничените.