Две лица тешко повредени откако куќа се запалила во Куманово

Сподели со своите пријатели

Куќа изгорела вчера во пожар на улицата „Сава Ковачевиќ“ во Куманово, а две лица биле потешко повредени.

Loading...

Од станицата за Итна медицинска помош до Регионалниот центар за управување со  кризи Куманово била доставена информација дека две лица се здобиле со тешки телесни повреди од изгореници по телото.

– Еден од потешко повредените е однесен во Скопје за понатамошно лекување додека другиот полесно повреден е на хируршко оделение во Општа болница Куманово, стои во билтенот на РЦУК.

Четворица пожарникари со едно противпожарно возило интервенирале на гаснење на пожарот во период од 16:50 до 18:45 часот.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Приведен бегалец од кумановскиот затвор

Причината за избувнување на пожарот и вистината на материјалната штета допрва ќе се утврдува, велат од РЦУК.

Никола Ивановски