Две интервенции вчера бележат кумановските пожарникари

Сподели со своите пријатели

Пожарникарите од Територијалната противпожарна единица Куманово вчера бележат две интервенции во доменот на својата работа.

Loading...

Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи, во период од 14:45 до 16:10 часот, тројца пожарникари со едно противпожарно возило гаснеле запалена сува трева во атарот на селото Проевце.

Претходно од 11:00 до 11:30 часот четворица пожарникари гаснеле запален смет на улицата „Веселин Маслеша“.

Leave a Reply