Двајцата приведени во Куманово ноќва се шетале со оружје

Сподели со своите пријатели

Двајцата кумановци кои во текот на ноќта биле приведени за време на полицискиот час, носеле и оружје, информираше на прес конференција министерот за внатрешни работи Наќе Чулев.

Loading...

Министерот вели дека впечаток на полициските службеници е дека мерката за ограничување на движењето генерално се почитува.

– Забраната за движење од 21 до 6 часот генерално се почитува и тоа е впечаток на сите колеги од координативното тело кое утрово го имавме во рамките на МВР. Полициските службеници во текот на изминатата ноќ од слобода лишија 18 лица, пет лица од Тетово, две лица Гостивар кои по опомената не постапиле по укажувањето туку агресивно се однесувале кон службениците и се лишени од слобода.  Две лица од Куманово кои не ја почитувале забраната за движење, кај кои е најдено оружје. Во Радовиш две лица, едно во Штип и шест во Кочани. Во Виница има едно прекршување, но лицето се одалечило и се преземаат мерки. Покрај тоа опоменати се 74 лица на територијата на државата, најчесто се работи за лица во нивните возила, изјави Чулев.

Двајцата кумановци ќе добијат кривични пријави за неовластено поседување оружје.

Никола Ивановски

Leave a Reply