Двајца кумановци приведени во полицискиот час

Сподели со своите пријатели

Две лица од Куманово во текот на изминатата ноќ се приведени бидејќи не го почитувале полицискиот час.

Loading...

Како што пренесуваат дел од националните медиуми, приведени се 18 лица поради прекршувањето, бидејќи истите се однесувале агресивно кон полицијата кога службениците се обиделе да им укажат дека треба да одат дома.

Дури 74 лица на територијата на целата држава добиле опомени поради непочитување на мерката.

Во Скопје нема уапсени лица, најмногу има од Кочани, дури шест. Пет лица од Тетово, по две од Гостивар, Куманово и Радовиш и еден жител на Штип.

Повеќе информации од прес конференцијата на министерот за внатрешни работи Наќе Чулев закажана за во 13 часот.

Никола Ивановски

Leave a Reply