Двајца повредени во судир на мопед и автомобил во Куманово

Сподели со своите пријатели

Две лица се повредени, од кои едно потешко, по судир на мопед и автомобил што вчера се случил во Куманово.

Loading...

– На 12.05.2023 околу 10.40 часот во Куманово, на бул. „Трета македонска ударна бригада“, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „мерцедес“, управувано од Ф.С.(40) од село Гошинце, кумановско и мопед „РКС снипер 50“, управуван од С.И.(45) од Куманово, двете со кумановски регистарски ознаки, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Во несреќата С.И. се здобил со тешки телесни повреди, а Ф.С. со телесни повреди, констатирани во Општата болница-Куманово.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Куманово.

Никола Ивановски