Двајца повредени во сообраќајка на патот Старо Нагоричане – Пелинце

Сподели со своите пријатели

Две лица се повредени, од кои едно полесно, откако автомобил од Србија, удрил во мотоцикл на регионалниот пат Старо Нагоричане – Граничен премин Табановце.

Loading...

– На 11.08.2021 околу 11.30 часот во СВР Куманово било пријавено дека на крстосницата од регионалниот пат Старо Нагоричане – Граничен премин „Пелинце“ и патот за с.Драгоманце се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „хјундаи“, со српска национална ознака, управувано од Н.Д.(39) од Република Србија и мотоцикл „томос“, со кумановски регистарски ознаки, управуван од И.К.(61) од Куманово, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Во незгодата, како што појаснуваат од полицијат,а со тешки телесни повреди се здобила сопатничката на мотоциклот, В.К.(57) од Куманово, додека со телесни повреди се здобил И.К., констатирани во Општа болница Куманово.

Увид на местото извршила екипа на СВР Куманово.

Никола Ивановски