Двајца кумановци приведени поради кражба во црква

Сподели со своите пријатели

Две лица од Куманово биле приведени под сомнение дека извршиле кражба во црква и одзеле пари.

Loading...

– На 08.05.2023 во 14.15 часот, полициски службеници од СВР Куманово ги лишиле од слобода О.И.(29) и Д.Д.(31), двајцата од Куманово, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Тие се сомничат дека со употреба на сила влегле во црква во Куманово и одзеле пари.

– О.И. и Д.Д. биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе следува соодветна пријава, стои во соопштението на кумановската полиција.

Никола Ивановски