Два земјотреси во Хрватска

Сподели со своите пријатели

Сеизмолошката служба на Хрватска регистрирала два послаби земјотреси со епицентар во областа Винодол, 23 километри северно од Сењ, во близина на градот Брезе.

Loading...

Земјотрес со јачина од 2,6 степени според Рихтеровата скала се случил во 13 часот, а послаб 2,4 една минута по 14 часот.

Интензитетот на двата земјотреси во епицентарот е проценет на III степен од ЕМС скалата, се вели во соопштението.