Два руски стратешки бомбардери над Берингово и Охотско море

Сподели со своите пријатели

Два руски стратешки бомбардери Ту-95МС прелетаа над неутралните води на Беринговото и Охотското море како дел од вежбите на Пацифичката флота, соопшти денеска руското Министерство за одбрана.

Loading...

Екипажите Ту-95МС ќе продолжат да патролираат во други области и да полнат гориво во воздух од авионот танкер Иљушин-78, пренесува РИА Новости.

Руското Министерство нагласува дека сите летови на стратешката авијација се вршат строго во согласност со меѓународните правила за користење на воздушниот простор над неутралните води, без да се нарушуваат границите на другите земји.

Со одлука на претседателот на Русија, Владимир Путин, од 14 април се врши неочекувана инспекција на Тихоокеанската флота, која е доведена на највисоко ниво на подготвеност.

Во маневрите учествуваат и стратешки единици за авијација и поддршка.