Дубаи ги отвори вратите за туристите, но тоа ги чини скапо

Сподели со своите пријатели

На прв поглед се чини дека животот во Дубаи се врати во нормала. Во последните неколку недели градот масовно привлекува туристи, особено оние од Европа кои сакаат да избегаат од зимата и строгите ограничувања воведени поради пандемијата.

Loading...

Но, додека туристите ги окупираат Емиратите, коронавирусот се шири и покрај мерките на претпазливост, а бројот на заразени е речиси четири пати поголем од ноември.

 

 

Дубаи е цврсто решен да го одржи функционирањето на економијата што зависи од туризмот, а официјалните лица не обрнуваат внимание на негативната медиумска покриеност во последно време, проценувајќи дека засега луѓето генерално ги почитуваат мерките за заштита од ковида-19.

– Да баравме 100 процентна промена во однесувањето, веројатно немаше да го сториме тоа. Но, ги замоливме да го прилагодат своето однесување, да научат да живеат во нови нормални околности и луѓето го прифатија – изјави за Си-Ен-Ен Хелан Саид ал Мари, генерален директор на Одделот за туризам и трговски маркетинг во Дубаи.

Минатиот месец Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) забележаа зголемување на бројот на заразени за 80.000 на повеќе од 290.000.

Loading...

 

 

На дневна основа, тоа е повеќе од 4.000 случаи и болниците се под голем притисок. Некои експерти велат дека причината е во отворањето на вратата за туристите.

Селија Ентони, докторка на клиниката „Астер“ во Шарја, вели дека бројот на заразени во ОАЕ бил многу мал во август, почнувајќи да расте од септември до октомври, за да се израмни во ноември и почетокот на декември, пред одеднаш да скокне кај крајот на годината.

Таа смета дека скокот е неизбежна последица од зголемената циркулација на луѓе за Божиќните и новогодишните празници и собири, иако додава дека зголеменото тестирање придонело и за зголемување на бројот.

 

Loading...

 

Ахмед Мухамед Абделхамид, специјалист по интерна медицина во женската и детската болница Медкер во Дубаи, вели дека скокот би се случил и доколку беа затворени границите.

– Повеќето земји се соочуваат со зголемување на бројот на заразени и многу од нив применија многу ограничувачки мерки кога станува збор за влез во земјата. Сепак, верувам дека единствениот начин да се надмине оваа состојба е да се одржат мерките за контрола на инфекциите и вакцинациите. Затворањето на вратата само ќе ги спречи луѓето да влегуваат, но не и вирусот – смета тој.

Ал Мари посочува дека Дубаи, доколку е потребно, ќе воведе строг карантин, како што беше направено на почетокот на пандемијата.

 

 

– Затворивме сè кога бевме принудени, а откако ги отворивме границите ги следевме податоците. Ако видиме дека мерките се почитуваат, не мора да се заоструваме. Ако тоа не е случај во кој било дел од економијата, многу внимателно ја анализираме ситуацијата од сектор во сектор – вели тој.

Loading...

Кога на почетокот на јануари забележаа дека непочитувањето на мерките директно влијае на растот на бројот на заразени, властите започнаа да ги засилуваат мерките.

Од вторникот, капацитетот на клубовите на крајбрежјето, хотелите и трговските центри е ограничен на 70 проценти од капацитетот, а кината до 50 проценти. Баровите и пабовите беа привремено затворени, а прекршителите беа казнувани построго.

 

 

Пронаоѓањето рамнотежа помеѓу одржувањето на функционирањето на економијата и зачувувањето на безбедноста на луѓето е проблем со кој се соочуваат владите ширум светот.

Loading...

Адил Газави, косопственик на локалниот клуб на крајбрежјето „Кав Бич“, смета дека Дубаи ја пронашол вистинската мерка.

– Мислам дека владата почувствува дека сите страдавме при првото заклучување – вели тој.

– Сега идејата не е да заклучуваме, туку да бидеме методични и да сфатиме како да им помогнеме на рестораните да останат отворени за да биде безбедно за гостите – вели тој.

 

Loading...

 

Вакцинацијата е исто така важен дел од планот. Емиратите имаат една од највисоките стапки на вакцинација против Ковид-19 во светот – повеќе од милион од десет милиони жители веќе примиле вакцина, а владата има намера да вакцинира 50% од населението до крајот на март, пренесува CNN.

Мохамед Ислам, генерален менаџер на клубот „Блах Блах“, кој стана најпосетуван клуб во Дубаи кога се отвори минатиот месец, смета дека безбедноста мора да има предност пред профитот се додека ситуацијата е нестабилна.

– Многумина во индустријата притискаат премногу, но безбедноста мора да биде наша главна грижа. Ако го злоупотребиме системот, тој ќе не затвори во целост. Наместо да размислуваме како да заработиме пари, треба да бидеме единствени во напорите да го преживееме ова – вели тој.

 

Loading...

 

Ова е важна година за Дубаи, и од гледна точка на економијата и од гледна точка на туризмот. Светската изложба „Експо“ ќе се одржи овде во октомври, која беше одложена минатата година поради пандемија. Тоа е главната причина зошто услужниот сектор сè уште работи, смета Газави.

– Тоа е постепено отворање, но во еден момент може да се претвори во драстично затворање поради она што се случува, т.е. поради пораката дека Дубаи е безбеден затоа што не бега од итни мерки за адаптација.

Leave a Reply