Дрон го предизвикал пожарот во складиште за нафта на Крим

Сподели со своите пријатели

Магацин со нафтени деривати во селото Волна во областа Темрјук во Краснодарската област на југот на Русија се запали по напад на дрон, пренесува Тас повикувајќи се на извори од службите за итни случаи.

Loading...

Пожарот во магацинот со нафтени деривати на територијата на компанијата Таманефтегаз настанал како последица на пад на дрон, рекол соговорникот на агенцијата.

Според последните информации, пожарот зафатил речиси 1.250 метри квадратни.

Претходно шефот на Краснодарската област Вењамин Кондратиев објави дека во областа Темрјук во таа област се запалил магацин со нафтени деривати, пренесе РИА Новости.

Кондратиев на Телеграм напиша дека според првичните информации нема жртви или повредени.

Нема опасност за жителите на селото Волна, изјави Кондратјев, наведувајќи дека причината за пожарот не е позната, пренесува Танјуг.