ДРАМА ВО ГРЦИЈА: Туристи оставиле бебе заклучено во автомобил, полицијата го спасила во последен момент

Сподели со своите пријатели

Полицијата на Крит синоќа околу 20.00 часот скршила прозорец од автомобил за да извади бебе од возилото чии родители го оставиле заклучено.

Loading...

Детето кое било на работ да колабира од топлотен удар, неутешно плачело во возило паркирано во центарот на градот Хања.

Полицајците го скршиле прозорецот на возилото за да го пренесат детето на безбедно.

По извесно време до возилото пристигнале и родителите кои со второто дете излегле на прошетка да го видат стариот град.

Според грчките медиуми, се работи за брачен пар од Јапонија кој е приведен.