Довербата на граѓаните во владата на Чешка е најлоша во последните 10 години

Сподели со своите пријатели

Мнозинството чешки граѓани се незадоволни од програмата, активностите, составот на владата и начинот на кој владата комуницира со јавноста, покажува најновото истражување на Центарот за истражување на јавното мислење на Чешката академија на науките (ЦВВМ).

Loading...

Чешката влада на конзервативниот лидер Петр Фиала (ОДС, ЕЦР) ја доби најлошата оценка од чешките граѓани од 2013 година, пренесува Еурактив.

Се покажа дека само 24 отсто од испитаниците се задоволни од составот на владата, додека 69 отсто се незадоволни, а 66 отсто од граѓаните негативно ја оценуваат владината комуникација со јавноста.

Сегашната чешка влада се состои од пет партии – конзервативни Граѓански демократи (ОДС, ЕЦР), демохристијани (КДУ-ЧСЛ, ЕПП), конзервативни и проевропски ТОП 09 (ЕПП), градоначалници и независни (СТАН, ЕПП) и Чешка Пиратска партија (Пирати, Зелени/ЕФА).

За време на изборната кампања, таа влада вети дека ќе ја „врати земјата на Запад“, но доби полош рејтинг од претходната популистичка и евроскептична влада на Андреј Бабиш (АНО, Обнови).

Инаку, партијата на Бабиш е најсилната партија во Чешка со 30 отсто општа поддршка, пренесува Танјуг.