До петок ќе се задржи стабилно и топло време

Сподели со своите пријатели

Времето денеска во Македонија ќе биде сончево и топло со мала локална облачност, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Loading...

Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 14, а максималната ќе достигне од 26 до 35 степени.

 

 

Во Куманово и околината денеска ќе имаме сончево до умерено облачно и топло време. ќе дува слаб ветер од северен, односно северозападен правец. Температурата во утринските часови ќе изнесува 13 степени, додека максималната дневна се очекува да достигне до 30 степени целзиусови.

 

Loading...

 

До петок ќе се задржи стабилно и топло време.

Во сабота ќе има појава на локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Од недела температурите ќе бидат во постепено опаѓање.

 

Никола Ивановски