ДНР: Четворица цивили загинаа во напад на Украина

Сподели со своите пријатели

Четворица цивили загинаа во текот на изминатиот ден во украински артилериски напади на територијата на самопрогласената Доњецка Народна Република, соопштија властите на ДНР, а пренесе ТАС С.

Loading...

„Во текот на изминатиот ден, помеѓу 08:00 часот на 24 август и 08:00 часот на 25 август, четири лица загинаа, а уште 14 цивили беа ранети во украинските гранатирања низ Доњецката Народна Република“, објавија претставници на Територијалната одбрана на каналот Телеграм.

Во вторникот властите објавија дека административната зграда на лидерот на самопрогласената Народна Република Доњецк, Денис Пушилин, во Доњецк била оштетена за време на украинското гранатирање, при што загинало најмалку едно лице, пренесоа руските медиуми.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.