Директорот на МААЕ во посета на нуклеарната централа Запорожје

Сподели со своите пријатели

Директорот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) Рафаел Гроси денеска треба да ја посети нуклеарната централа Запорожје.

Loading...

Во пресрет на посетата тој ја опиша ситуацијата во најголемата европска нуклеарна централа како многу опасна.

Тој рече дека неговите напори за постигнување договор за заштита на нуклеарната централа сè уште траат.

Москва и Киев меѓусебно се обвинуваат за гранатирање на областа на нуклеарната централа.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави во вторникот дека руските војници ја држат во „заложништво“ нуклеарната централа Запорожје и дека нејзината безбедност не може да се гарантира додека не ја напуштат.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Хакерска група објави податоци за повеќе од 3.200 странски платеници

Украинските сили го затворија градот Авдијивка на линијата на фронтот додека го планираат својот следен потег, јавува Ројтерс.

Руските трупи ја зазедоа нуклеарната централа, најголемата во Европа, во првите недели од инвазијата на Украина и не покажаа намера да се откажат од контролата над неа.

– Ја држат нуклеарната централа во заложништво повеќе од една година – ова е сигурно најлошото нешто што се случило во историјата на европската или светската нуклеарна енергија – рече Зеленски во ноќното видео обраќање.

Loading...

Тој го осуди руското присуство како „радијациона уцена“.

Неговите коментари уследија по состанокот со Рафаел Гроси, директор на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), во хидроелектраната Днепар – североисточно од централата Запорожје.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  РУСИЈА: Осомничениот за експлозија на автомобилот признал дека соработувал со украинските служби

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.