Димитриевски: За националното прашање на Македонците треба да одлучуваат Македонците

Сподели со своите пријатели

„Она што можам од овој аспект и чувството коешто го имам да го потврдам е дека на следните избори граѓанското движење како и да го дефинираме и да се вика ќе биде убедлив победник којшто ќе добие коалициони партнери, а кој тоа ќе биде ќе видиме, времето ќе покаже. Но, јас повторно ќе кажам, доколку ние ја освоиме власта нема простор за луѓе кои имаат наштетено на оваа држава да дојде на ова дереџе денеска кадешто е“. Ова го потенцираше градоначалникот на општина Куманово во интервјуто за Радио Слободна Европа.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Димитриевски: Приоритет на Македонија е да се избере Претседател. Граѓаните да излезат и да гласаат по сопствено убедување

Тој информираше дека денеска Македонија нема проблем со Бугарија којшто е наметнат еднострано од нивна страна, туку истиот проблем со прифаќање на тој документ прифативме да биде проблем на Македонија Европската Унија.

„Штом ЕУ ја зема таа обврска кон себе, тогаш мислам дека е потребно да се донесе една декларација во бугарското собрание што е многу потешко, кадешто ќе се признае македонскиот народ, јазик, историја во континуитет, а доколку тоа не е возможно во бугарскиот парламент тогаш тоа да го стори Европарламентот, нивните институции и со тоа да гарантира нешто од што се плаши македонскиот народ. Целиот овој концепт, ние како народ го доживуваме дека едноставно се работи на бришењето на македонската етногенеза. Ние сме можеби едни од ретките народи во Европа кои во последните 30 години го отвораше својот Устав како да е обично тефтерче и го менуваше по потреба на секоја етничка заедница, форма, било кој притисок којшто ќе дојдеше предлог од страна итн. Уставот не е обичен тефтер да го отворате секојдневно. Доколку бев член на Парламент или имав парламентарна група во овој момент, според вакви услови јас никогаш не би поддржал да се смени уставот и да се направат уставните измени без соодветен реципроцитет. Македонија мора да добие гаранција“, рече Димитриевски.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Денеска е Ѓурѓовден – празник на будење на природата

Димитриевски посочи дека за националното прашање на Македонците треба да одлучуваат единствено Македонците, а нашите пријатели Албанци, Срби, Роми, Власи и сите останати да имаат апсолутно разбирање кон проблемот со коишто се соочуваат нивните сограѓани. Треба да расправаат сите, но по однос на ова прашање бидејќи се работи за суштина за македонскиот народ, конститутивниот народ всушност тие треба да бидат мнозинство.