Димитриевски: Уцени не поминуваат кај Македонецот. Како пир е.

Сподели со своите пријатели

„Видете кај Македонецот уцена и притисок не поминува. Ние сме тврда глава од народ. Значи ние сме ко пир. Штом ќе се појави негде никнува и после сто години. И било каков притисок не може да постигне одреден резултат. Се мора да се случува на ниво на реципроцитет“, рече Максим Димитриевски, Претседтелот на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија во гостувањето на Сител подкаст.

Loading...

Тој додаде дека ние сме и со Бугарите и со Србите, како најликси народи до нас на Балканот и додаде:

„Нит мора да бидеме србомани, нит мора да бидеме бугарофили. Значи треба да си бидеме Македонци, да си се држиме до своето. Едноставно да им објасниме и на едните и на другите дека – да, како што велат тие, ние сме браќа, но тие не се нашиот татко. Ниту пак ние сакаме да им бидеме татко на нив“.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Максим Димитриевски во Кавадарци, Неготино и Прилеп (ВИДЕО)

Димитреивски, одговарајќи на прашањето дали доколку е во можност би го вратил воениот рок рече дека во најмала рака е потребно секој да помине предвојничка обука.

Тој објасни дека е тоа потребно за да може да научат младите што е дисциплина, што е ред и да видат како за еден минимален период од три месеци ќе се трансформираат себе си, а и својот личен карактер во нешто многу подобро.

„Не случајно во минатото старите луѓе рекле – тој што не бил во војска не е маж. Зборувам за мажите. Дури на доброволна основа барем до еден месец тоа би требало да можат да го сторат и жените, бидејќи ние сме еднакви. Да се научат одредени вештини за преживување, дополнително за ракување со огнено оружје. Ние живееме на едно трусно подрачје, коешто се вика Балкан и мислам дека народот треба да биде подготвен во секој момент прво да се самозаштити, а дополнително и да си ја заштити државата и да ја одбрани од сите предизвици и закани коишто следуваат. Многу пати велиме ние сме под чадорот на НАТО, имаме колективна безбедност. Но, многу често заканата не доаѓа само од надвор, туку многу почесто од внатре“.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Стојчевски најави повисоки плати за здравствените работници (ВИДЕО)

Зборувајќи за ангажманот во политиката Димитреивски рече дека не се гледал себе си како некој што би сакал да е на функција.

„Сакав да бидам активист и да креирам политика. Да бидам дел од политбирото. Да се борам за идеите и  заложбите основни на партијата. бидејќи мене ми е битно. Јас сум патриот. Припаѓам на такво семејство, си ја сакам државата и верувам дека една политичка партија за да постои треба да почива на идеологија на неклукративност и клиентелизам“, рече Димитриевски за Сител подкаст.

Loading...