Димитриевски со осуда на нападите од Рамадани: Да се извини и поднесе итна оставка од ЕАСМ

Сподели со своите пријатели

Градоначалникот на Општина Куманово и идејниот творец на новата политичка опција Движење “ЗНАМ” – За наша Македонија, Максим Димитриевски ги осудува обвинувањата и нападите на Претседателот на Евро Атланскиот Совет на Македонија, Исмет Рамадани кон Канал 5 телевизија во емисијата “Само вистина”, за што бара извинување кон медиумот и итна оставка од челната позиција на ЕАСМ.

Loading...

“Обвинување на новинар во емисија за национализам и импутирање на шовинистички наратив е недозволиво особено НЕ кога тоа доаѓа од Претседател на Евро Атланскиот Совет на Македонија, г. Рамадани. ЕАСМ е организација која ги негува и поддржува Европските и Атлантските демократски вредности а со тоа и слободата на изразување, независно новинарство и медиуми, кои што заложби, во овој случај се косат со искажаните ставови на претседателот на организацијата г. Исмет Рамадани во емисијата “Само вистина” на ТВ Канал 5. Покрај неопходно извинување потребна е и оставка од челната позиција на ЕАСМ г. Рамадани. Како и секогаш представниците на Владата при недостаток на аргументи за одбрана на оваа власта и сите афери кои ги следат си играат со националните чувства и оваа реторика ја репризираат како во минатото.”, порача Димитриевски.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Денеска е Ѓурѓовден – празник на будење на природата