Димитриевски: Сите граѓани кои покажуваат симптоми веднаш да прават контакт со матичните лекари (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Сите граѓани кои покажуваат симптоми веднаш да прават контакт со матичните лекари, апелираше денеска градоначалникот на Општина Куманово Максим Димитриевски.

Loading...

Како што рече тој, во последното деноноќие регистрирани се 51 нов случај, но се чекаат и информации за нови случаи во текот на денот.

Болничките капацитети, вели Димитриевски се целосно исполнети.

– Во последното деноноќие според информацијата од епидемиолошките служби имаме 51 нов позитивен случај, во текот на денот треба да ги добиеме и дополнителните резултати. По однос на капацитетот сите легла кои што ги имаме на располагање во градската болница се исполнети во целост, плус дополнително функционира и дневната болница и во меѓувреме има изградено и времен простор кој што се користи како приемно одделение, т.е. чекална од страна на пациентите, информираше Димитриевски.

 

 

Никола Ивановски

Loading...

Leave a Reply