Димитриевски: Постапувањето на дел од полициските службеници во Куманово е крајно селективно

Сподели со своите пријатели

Постапувањето на дел од полициските службеници во Куманово е крајно селективно, рече денеска градоначалникот Максим Димитриевски на седница на Советот.

Loading...

Димитриевски ова го истакна при дискусијата  по точката за преземените мерки и активности на Полициската станица од Општа надлежност Куманово.

– Постапувањето на дел од полициските службеници во Куманово е крајно селективно, во голем број на случаи и непрофесионално и за жал тоа не се случува на најниско туку и на највисоко ниво, рече тој.

 

 

Според Димитриевски, континуирано се прават полициски контроли само на одредени сообраќајници во градот.

– Ако направиме анализа и сондажа на собораќајната полиција, континуирано се организираат контроли на булеварот „Октомврсика револуција“ и тоа е за поздравување. Но, многу ретки има во делот на „11 Октомври“, околу болницата, дел на улица „Трета Македонска“ околу зелениот пазар и многу други локации во градот. Зошто е таа селективност, тоа можам и да го докажам, праша градоначалникот.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Стојчевски: Имаме нефункционални институции и затоа граѓаните решија ова да го сменат

 

 

Димитриевски побара, а советот донесе препорака во следниот извештај да се изврши анализа детално на кои локации се изрекувани казни и вршени контроли.

Како што посочи, освен селективност, во редовите на полицијата владее и самовластие, оти како што рече на настанот изминатиот викенд на кој на плоштадот бил поставен штанд и присуствуваше министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски не било побарано мислење и одобрение од општината.

– Полициската станица даде обезбедување на истиот настан, и тој е за поздрвување, но како и останатите имате обврска да побарате мислење и согласност од општината за одржување на било каков настан. Една фирма замислете или локална и државна инстутиција кога става едно пано на градски плоштад поднесува барање и за два часа добива одговор, но вие сте СВР, МВР, министер и за вас законот не важи, рече тој.

Кумановскиот градоначалник рече и дека била поставена рампа пред објектот на Полициската станица без техничка документација.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Викенд прогноза за Куманово: Уживајте во сонце!

Димитриевски упати и обвинувања дека новото пајак возило не постаро од една година полицијата го носела на технички преглед, а при укажување на вработен од ЈП „Куманово паркинг“ зошто го прават тоа, истиот бил приведен.

Loading...

– Во Полициската станица имате полициски службеници кои ви се крајно непрофесионални кои дополително постпуваат селективно, а тоа кумановската јавност го чувствува. Партиски војници кои ви се снимени на партиски митинзи, состаноци и други настани каде е спротивно на законот, а вие како командир треба сето тоа да го санкционирате, оти вие менаџирате со тие луѓе, а јас знам дека министерот ги прима, но вие има давате работни задачи и распореди согласно закон, ѝ се обрати Димитриевски на командирката Зорица Вукановиќ.

 

 

Во низата поплаки што Димитриевски ги упати кон полицијата, е и дека не ги спречуваат тешките товарни возила да влегуваат во градот иако тоа им е забрането ако имаат над седум тони.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Познато кој победи во Старо Нагоричане

– На влез во градот, направивме нов кружен тек, 30-40 милиони денари, скапа инвестиција за градот, и ако влеувате во градот ќе видите дека на еден дел веќе е испукан. Секој ден најмалку два пати влегува камион над 30 тони истовара огревни дрва и друг материјал на локација на старо автомото и тоа го толерирате, зошто така командирке? Од кумановска бања до новиот кружен тек целата лента е пропадната за 20 сантиметри, знаете зошто? Затоа што се движат тешки товарни возила, а не смеат потешки од 7 тона, рече Димитриевски.

Скоро едногласно советниците изгласаа препорака до кумановската полиција во следниот извештај да наведат детални информации на кои локации вршеле сообраќајни конторли и колку казни биле изречени, како и информација колку тешки товарни возила биле санкционирани.

Мнозинството од советниците гласаа против усвојувањето на информацијата за преземените мерки и активности на Полициската станица.

Loading...

Никола Ивановски