Димитриевски: Општина Куманово прва воведе бесплатен автобуски превоз како помош на граѓаните во криза

Сподели со своите пријатели

Општина Куманово како прва општина во државата воведе целосно бесплатен автобуски превоз како одговор на тешката социоекономска криза и особено енергетската криза, вели градоначалникот на општината, Максим Димитриевски во гостувањето во емисијата “Во живо” на МТВ.

Loading...

“Ќе се обидеме до крајот на општината да обезбедиме средства доколку постојат буџетски можности и секако мнозинство во советот, за поддршка на оваа активност. Факт е дека граѓанинот многу потешко живее и секојдневно се соочува со уште повеќе проблеми поради неусогласеноста на инфлацијата којашто реално ја имаме и обезвреднување на средствата и парите. Тоа што во минатото можевте да го купите за 1000 денари и да го ставите во една торба, денеска не можете да го ставите ни во една шака. Со право реагираат и пензионерите за сите оние покачувања”, истакнува тој.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  УХМР најавува пороен дожд, грмежи и локално невреме

Во изминатите години, Општина Куманово интензивно инвестира и во капитални и инфраструктурни проекти со кои значително се подобрува квалитетот на живеење на граѓаните, но пред се вложува и во младите и развивање на спортот, за што општината секоја година вложува околу 16 милиони денари, вели Димитриевски.

“Изградивме повеќе од 13 отворени спортски игралишта со тартан подлоги на територија на Куманово, вложуваме во спортската инфраструктура. Активно во овој момент работиме на два големи проекти, едниот е санација и реконструкција на една од најстарите спортска сала на Балканот, Соколана каде го менуваме кровот, ја засилуваме статиката. Овој објект прави 100 години откако бил изграден и доколку не се интервенира ќе пропадне целосно. Ние се бориме и од претходно од државата да ги земеме овие објекти, бидејќи не беа на општината, туку дадени на приватни концесионери. Дополнително, активно работиме на реконструкција на еден од најголемите спортски објекти во државата, се надевам дека следниот 11 ноември ќе ја пуштиме во употреба. Вложуваме сериозни средства и во развој на училишниот спорт бидејќи тоа е основата за развојот на спортот. Со сопствени средства успеавме да ги реконструираме сите средни училишта коишто се под општинска надлежност. Направивме дополнително две училишни спортски сали и воведовме пливање како можност за секој ученик да научи да плива. Ова го покрива општината како трошок. Многу е важно младите да ги изведеме од дома и да ги насочиме на правилен раст и развој бидејќи секојдневно се соочуваме дека нашите деца се на мобилните телефони и компјутери”, дополнува тој.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Неделна прогноза за Куманово: Ќе се врати ли дождот?

За следниот период што следи, Димитриевски најави изградба на голем број улици и реконструкција на постоечкичките, но она што е најважно за градот, конечно ќе отпочне постапката за реконструкција на стариот градски плоштад пред Домот на културата, за којшто вели дека е направен во седумдесетите години.