Димитриевски: Младите да знаат дека имаат сојузник кој секогаш ќе го слуша нивниот глас

Сподели со своите пријатели

„Младите да знаат дека имаат сојузник кој секогаш ќе го слуша нивниот глас“, порача денеска градоначалникот на Општина Куманово Максим Димитриевски по повод денешниот Меѓународен ден на младите.

Loading...

Како што напиша Димитриевски на Фејсбук, со отворањето на првиот младински центар во Куманово , со вложување во спортски капацитети, предлози, идеи и сугестии, се покажава што значи младите лица да имаат доверба и вистински партнер во институциите кои работат за нивен интерес.

– Младите најдобро знаат што е потребно за нив, но и за демократските процеси во кои тие се рамноправни со сите чинители во општеството. Токму затоа, Општина Куманово назначи и службеник за млади, со цел овозможување на подобри услови за младите и поголема вклученост во локалните политики, вели Димитреивски.

 

 

Како што додава тој, денешниот Меѓународен ден на младите се одбележува со реализација на проекти за подобар живот.

– На сите млади им порачувам да бидат гласни и борбени, да бидат упорни во своите замисли и најважно, да знаат дека имаат сојузник кој секогаш ќе го слуша нивниот глас, порача Димитириевски.

Loading...

Никола Ивановски